Стил на денот: Кејт Мидлтон во лесен, женствен и лелеав фустан идеален за оваа пролет
Фото: i-Images / Eyevine / Profimedia
Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон ја започнаа својата турнеја на Карибите, а една од нивните први постојки беше семејната фарма во Белизе, каде што се одгледува какао.
Кејт за оваа прилика се појави во лелеав син фустан од „Tory Burch“, кој чини речиси 420 евра.
Станува збор за модел кој е совршен за пролетната сезона, со ефективен цветен дезен, во црвена, бела и светло сина нијанса. Фустанот е во А-крој и се шири под градите, со кратки ракави, а содржи и скриени џебови.
Заедно со ова едноставно парче, Кејт носеше бели везени еспадрили на Стела Макартни, а својот познат скапоцен венчален прстен со сафир го искомбинира со сафир со накит со многу прифатлива цена, околу 65 евра.
Извор: glossy.espreso.co.rs