Стил на денот: Кејти Холмс со уличен стил прва класа – изгледа моќно
Актерката значително ги подобри своите стајлинзи и слободно
може да се каже дека сега е една од иконите на „уличниот стил“.
Американската актерка Кејти Холмс отсекогаш негувала лежерен, а во исто време и многу женствен и тренди стил на облекување.
Сите нејзини модни комбинации се соодветни за приликите во кои ги носи, а актерката неколку пати истакна дека најдобро се чувствува во добри фармерки и едноставни бели патики. Токму во слична комбинација неодамна беше фотографирана на улиците на Њујорк, каде живее со својата ќерка Сури.
Имено, Кејти неодамна прошета во комбинација што повеќето жени сигурно би ја сакале, класика која никогаш не излегуваат од мода.
Актерката беше фотографирана во светли фармерки, до глужд и во предимензионална светло сина кошула со дискретни ленти, која ја носеше ноншалантно, со засукани ракави. Оваа модна комбинација таа ја надополни со едноставна црна голема чанта и црни мокасини, кои совршено се вклопуваат во овој лежерен, но и елегантен дневен стил.
Фото: Profimedia