Стил // Стил на денот
Стил на денот: Кралица на деловниот стил-модни комбинации од Амал Клуни
Таа секогаш воодушевува со својот моден избор. Овој пат издвоивме некои од нејзините најдобри стајлинзи...
Амал Клуни (42), сопругата на Џорџ Клуни, има префинето чувство за мода и тоа го докажува со секој нов изглед. Нејзините комбинации на облека често се оценуваат како чиста десетка, па затоа не е изненадувачки што таа е инспирација за жените ширум светот.
Нејзиниот стил е класичен и женствен. Секогаш е облечена со вистинската мерка на елеганција и гламур.
Покрај убавината и совршените комбинации, фасцинира и со своето образование. Течно зборува англиски, арапски и француски.
Таа дефинитивно е жена на која треба да сеугледа секој.
Фото: Пинтрест/Инстаграм