Стил на денот: Кралицата Летиција во фустан за безброј прилики и секаков вид на обувки
Нема жена која би можела да му одолее...
Кралицата Летиција од Шпанија присуствуваше на еден настан кој го организараше една тамошна фондација, на кој се зборувало за важноста на дигитализацијата во чувствителните социјални ситуации како што е пандемијата на коровирусот.
Кралицата од Шпанија, која е позната како некој кој едноставно блеска во деловниот стил и е горда сопственичка на брзброј костими, комплети, молив здолништа, кошули и слични парчиња кои се карактеристични за ваквиот начин на облекување, одлучи да изненади со својот изглед.
Таа на овој настан во Мадрид се појави во фустан од тенко плетиво кое го потпишува брендот „Michonet“ и чија вредност е нешто помалку од 280 евра.
фото: RaúL Terrel / Zuma Press / Profimedia
Во прашање е модел со долги ракави и затворено деколте, кој во горниот дел е залепен за телето и се сече веднаш над половината, од каде што паѓа право. Фустанот е типичен претставник на етно модел кој го краси ефективен разнобоен цик-цак дезен и своевидна мешавина на хоризонтални и вертикални линии, а на некои места е проткаен со злато.
фото: Miguel Cordoba / Sipa Press / Profimedia
Овој необичен фустан изгледа одлично и со класични чевли на висока потпетици, но инфлуенсерките го носат и со сандали, па дури и во комбинација со патики, бидејќи станува збор за практично парче облека кое лесно се трансформира од формален во секојдневен фустан.
фото: PPE/DDP USA/PROFIMEDIA