Стил // Стил на денот
Стил на денот: Кралицата Летиција во омилениот летен фустан, на кој не му поминува модата
Една од стилизираните кралици и жени воопшто, со оваа комбинација покажа дека не се мисли многу за тоа дали да го облече омилениот фустан повеќе пати. Многумина паметат дека го носеше и пред четири години на еден настан.
Шпанската кралица Летиција (48) важи за една од стилските икони, што покажа и овој пат на прославата на еден од најважните празници во Шпанија.
Таа се појави во друштво на сопругот кралот Фелипе VI и ќерките, принцезите Леонор и Софија, а со модната комбинација ги освои сите присутни.
Имено, кралицата се одлужи за фустан до колена во бежова боја, кој го красат големи цветни детали во розова боја.
Инаку, овој модел на фустан во А крој е еден од нејзините омилени, но и воедно е и фустан на кој никогаш не му поминува модата.
фото: Profimedia