Стил на денот: Лејди Гага изненади со стајлингот и наиде на критики
Во последниот месец, откако се врати од сетот на филмот „House
of Gucci“, таа не престана да ја изненадува јавноста со ново модно
експериментирање, кое е на работ да се нарече неуспешно.
Додека ја напушташе „Radio City Music Hall“ во Њујорк, Лејди Гага покажа навистина интересен стајлинг.
Таа комбинираше кратки, тесни хеланки и краток топ со тенки прерамки со чевли на платформа во бела боја.
Заедно со небесно синиот сет, кој е сличен на оние наменети за вежбање, таа додаде мала, елегантна чанта во бела боја.
Пејачката се сокри зад темни очила, а носеше и златни тркалезни обетки.
Овој нејзин стајлинг изненади многумина, особено ако ги земеме предвид одличните модни инспирации во ретро стил, со кои таа не воодушеви во последните недели.
Многумина се надеваат дека ова издание на Гага настана како резултат на напорна работа и бројни обврски пред концертот.
Фото: Profimedia