Стил на денот: Мама Блек Лајвли во тесен фустан ја покажа совршената фигура по три породувања
Фото: Profimedia
Актерката Блејк Лајвли се појави на церемонијата на доделувањето на наградите „Gem Awards“, одржана во престижен ресторан во Њујорк на Менхетен. Сите погледи беа вперени во неа поради сензационалниот стајлинг во кој ја истакна својата фит фигура која ја негува и по три породувања.
Пар планетарно популарни Лубутанки, модел опкружен со кристали, чанта Шанел во златна нијанса со црна испреплетена мрежа и фустан од дизајнерот Серж Хадсон, по цена од околу 1.580 евра, беше изборот на актерката Блејк Лајвли за гламурозната забава во Менхетен.
Фото: ProfimediaЅвездата од серијата „Gossip Girl“ ги измами погледите на сите случајни минувачи, но и на насобраните гости кога се појави пред популарниот њујоршки ресторан.
Црниот тесен фустан со голем отвор на стомакот и деколте кое доста открива ја истакнаа совршената фигура на 34-годишната актерка. Иако зад себе има три породувања, Блејк изгледа фантастично и ја одржува својата препознатлива витка линија.
Извор: zena.blic.rs