Стил // Стил на денот
Стил на денот: Миа Костова - ретро дама по примерот на безвременските модни икони
Овој современ ретро изглед е резервиран за најхрабрите.
Носењето марама за коса е повторно „ин“, а Миа Костова не изостана од овој тренд.
Марамите за коса имаа голем „come back“ во 2000-те години, но овој изглед беше најактуелен во 1950/60-ти години.
Најголемите модни икони ги паметиме по фотографиите со марама и очила, а токму така останаа и запаметени - како винтиџ дами на кои вечно ќе се восхитуваме.
Некогашната Прва дама на САД, Џеки Кенеди
Безвременската Одри Хепбрн
Актерката, модел и пејачка Мерлин Монро
Сегашната Прва дама на САД, Меланија Трамп