Стил на денот: Мила Царовска - маркантна во темно-сино, со уникатен брош

Добивај вести на Viber

Дама со одмерен стил и секогаш елегантно и соодветно облечена - Мила Царовска секогаш внимава на стилот, а во последно време би рекле и дека изненадува со истиот.

Министерката, акцент става на деталите, односно еден детаљ, а тоа е брош. Изминатиов период речиси на секој нејзин стајлинг го додава брошот како моден додаток.
Нејзините брошеви се секогаш уникатни и впечатливи.

Во последното нејзино појавување, Царовска се одлучила за монохроматска комбинација, односно се облекла во еден тон од глава до петици. 
Станува збор за темно-сина боја, а комбинацијата се состои од капут кој е must have и елегантен фустан над колена, како и салонки во истата боја.

фотографии: facebook/carovska.mila

-Мила Царовска како кралицата Летиција: Елеганција на ниво
-Мила Царовска во ист фустан пет пати: Ова е омиленото модно парче на министерката