Мила Царовска во ист фустан пет пати: Ова е омиленото модно парче на министерката

Добивај вести на Viber

Нејзиниот изглед е класичен и модерен, ни претерано впечатлив, ни претерано агресивен. Како да го пронашла златниот сооднос. Навикнати сме да ја гледаме во фустани, но често носи и кошули

Новата министерка за образование, Мила Царовска нема проблем да носи ист фустан неколкупати, поконкретно пет пати.

Да! Мила Царовска ја забележавме во ист фустан пет пати.
И немојте да мислите дека ја критикуваме, напротив сакаме да ја пофалиме нејзината скромност, дека и покрај нејзината висока функција, не е една од политичарките кои трошат вртоглави суми на облека и внимаваат да не се повторуваат со исти модни изданија.

Станува збор за фустан од свиленкаст материјал со дезен, во црвено-сива боја.

Прв пат Мила овој фустан го носеше на настан во јули 2019 година.

 Втор пат го облече во август 2019 година.

Третиот пат беше во почетокот на јули, 2020 година.

Па кон крајот на јули 2020 година.

Последен, петти пат, министерката беше забележана во овој фустан вчера.

Колку и пати да го облече, фустанот одлично и' прилега. 

*Фотографиите се преземени од објави на Фејсбук профилот на Мила Царовска


Неодамна пишувавме за Радмила Шекеринска која носеше ист фустан неколку пати

(ФОТО) Мила Царовска изненади со стилот: Во фустан со невообичаен принт

(ФОТО) По примерот на Кејт Мидлтон: Шеќеринска не се срами да носи ист фустан неколку пати