Стил на денот: Милица Павловиќ во тренди комбинација за секој ден

Добивај вести на Viber

Пејачката одбра парчиња од повеќе различни стилови, кои совршено ѝ одговараат...

Пејачката Милица Павловиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира во интересна комбинација.

На фотографиите пејачката позира во маица и панталони. Едноставната предимензионирана маица одлично ѝ стои и дава посебна нота на нејзината комбинација. Ја искомбинира со панталони, кои исто така се со широк крој и одлично се вклопија во целата приказна.

Целата комбинација ја има зачинето со јакна во окер боја, како и чанта во беж нијанса, кои исто така одлично се вклопија во комплетната замисла. На сево ова имаше и темни очила, како и златна нараквица. Розовите сандали, кои се вклопија со нејзиниот кармин, донесоа само „пролет“ во комбинацијата.

View this post on Instagram

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


фото: Принтскрин / Инстаграм