Стил на денот: Мода за мајки според Пипа Мидлтон - кошула-фустан и бели патики совршени за секој ден

Добивај вести на Viber

Сестрата на војвотката Кејт Мидлтон од Кембриџ, неодамна роди уште едно дете, а со бебето таа продолжи да ужива во секојдневниот живот без помош на дадилка.

Во март годинава, Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз ја добија ќерката Грејс Елизабет. Пред тоа го имаа само синчето Артур.

Иако двојката е една од најбогатите и најценетите Британци и веројатно ја има на располагање помошта од најдобрите дадилки во земјата, добро е познато дека сестрата на Кејт Мидлтон особено ужива во секојдневните обврски со бебето. Така, лондонските папараци честопати ја фоткаат како ужива во друштво на малата Грејс, на долги прошетки само со Артур, а нејзините последни фотографии се шират од страници за родители до модните портали. 

View this post on Instagram

A post shared by William and Kate (@kingwilliam.and.queencatherine)


Пипа е видена во Лондон како ја турка скапоцената Бугабо Фокс количка за бебиња, совршено стилизирана за секој ден. Таа избра многу удобна варијанта - карирана сива кошула-фустан од Ралф Лорен во вредност од 150 долари и сива чанта Мег и Би, која чини повеќе од 150 долари. Сепак, најмногу се зборува за нејзините бели патики од марката Џими Ку, кои се распродадоа, но се знае дека чинат стотици долари.

View this post on Instagram

A post shared by Royal Fashion Police (@royalfashionpolice)



извор:GLOSSY