Стил на денот: Најобожаваните сандали, Кејти Холмс ги носи на поразличен начин - лежерно издание совршено за високи температури
Убавата актерка го враќа карираниот дезен во мода, а го комбинираше со обувки на кои малку жени би им рекле „не“.
Летото и високите температури го зафатија и Њујорк, па актерката Кејти Холмс, која минатата зима беше меѓу најславните кралици на уличниот стил во овој град, ги замени чизмите и палтата со летни фустани - и е се' побрилијантна од ден на ден!
Актерката, која се стекна со светска слава со улогата во серијата „Светот на Досон“, вчера прошета во кариран фустан со паф ракави и V- отвор на вратот. Моделот го носи потписот на Кејт Спејд и е направен во еден од најпопуларните кроеви за летните месеци, бидејќи се сече под градите, од каде се шири А-форма, тоа го прави лелеав и одличен избор за најжешките денови.
Фустанот за кој се одлучи Кејти има мал ретро-тон поради карираниот дезен во стилот на педесеттите и шеесеттите години, чини околу 330 долари, а актерката го искомбинира со неочекувани чевли.
Имено, таа ги избра познатите сандали „гладијаторки“ од марката Алаша, украсени со кожни ремени и златни нитни, но наместо најпопуларниот рамен модел, таа реши да прошета во сандали со потпетици со средна висина, а сето тоа го заокружи бела мини-торба.
извoр:GLOSSY
фото:profimedia