Стил на денот: Новата фризура на Северина која прави да изгледате 20 години помладо
Северина многу добро знае како да постигне ефект на младешки изглед
Популарната хрватска пејачка Северина Вучковиќ често не воодушевува на социјалните мрежи со модерни комбинации.
Таа неодамна отпатува за Јордан, од каде речиси секојдневно споделуваше прекрасни фотографии со своите следбеници. Тогаш имавме можност да ја видиме во предизвикувачки и многу модерни изданија, а сега Севе реши да ги израдува своите следбеници со фотографија на која покажа дека многу добро знае да постигне ефект на младешки изглед.
Имено, својата кафена коса ја ишара со руси прамени, поради кои нејзиното лице изгледа посвежо и помладешко. Ги пушти нејзините благо извиткани прамени да ѝ паднат по лицето и ги истакна очите со црн ајлајнер за дополнителна доза свежина.
Имаше кармин во боја на кожа на усните и светло моливче за исцртување на усните. Со тоа пејачката направи да изгледа барем 20 години помлада.
Ако го сакате истиот ефект, размислете да направите светли прамени и да ја извиткате косата во меки бранови. Пробајте, дефинитивно ќе забележите разлика.