Лила и Северина на исто свето место: Дали станува тренд помеѓу познатите?
Најпознатата водителка кај нас, Лила Филиповска деновиве се впушти во незаборван авантура.
Таа е на патување во кралството Јордан, и се крсти во водите на реката Јордан.
Лила која дефинитивно обожава возбуди, таму реши да се впушти и во пустинска авантура. Качена на коњ го посети изгубениот град Петра и уживаше во благодетите на пустинската убавина.
Од друга страна, на истото место деновиве е и пејачката Северина.
Популарната пејачка на Инстаграм објави серија фотографии од Јордан, а погледите на сите ги привлече нејзиниот скап бел фустан на Ула Џонсон вреден околу 1.500 куни.
„Храмот на Артемида во Џераш е само едно од низата богатства на тој некогаш убав град, кој уште го нарекуваат и Помпеја на Истокот“, напиша Северина во описот на фотографијата.
Белиот фустан го искомбинирала со спортски тениски чевли во иста боја, очила за сонце и црн ранец.
„Еве, секој камен има своја тајна, која е тајната на вашата убавина“, е еден од коментарите под нејзината објава.
ФОТО: Инстаграм Лила Стојановска/Северина