Стил на денот: Петочен неон шик - Милица Тодоровиќ заведува со длабок шлиц

Добивај вести на Viber

фото:Antonio Ahel/ATAImages  / инстаграм

Убавата пејачка Милица Тодоровиќ од ден на ден, се повеќе го привлекува вниманието на себе и на своите модни избори.

Една од најпопуларните „Ѕвезда на Гранд“ е несомнено Милица Тодоровиќ, која во последно време едноставно не може да погреши кога е модата во прашање.

Пејачката присуствуваше на промоцијата на новата книга на Весна Дедиќ, каде привлече најголемо внимание и ги покажа резултатите од напорната работа кога е во прашање усовршување на нејзината фигура.

Имено, Милица неодамна откри дека успеала да изгуби дури 15 килограми и дека е задоволна од својот изглед. 

Таа се појави во фустан кој го нагласува секој милиметар од телото.

Пејачката застана пред фоторепортерите во асиметричен фустан кој открива едно рамо, припиен е за телото и има ефикасен шлиц. Милица одбрала жолто/зелен модел во  неон нијанса со голи сандали и торба со слична боја. 

Совршен избор кога се во прашање летни настани и пригоди.

извор: GLOSSY
фото:Antonio Ahel/ATAImages  / инстаграм