Стил на денот: Првомајска модна комбинација во режија на Јелена Спенџарска

Добивај вести на Viber

Нема идеја што да облечете за утрешниот пикник - инспирирајте се од водителката Спенџарска...

Откако со своето момче се пресели во Солун, познатата македонска водителка Јелена Спенџарска постојано споделува фотографии преку кои открива како го поминува времето таму. Освен убавините на Солун, таа преку фотките ги покажува и својот префинет вкус за мода.

Ретко кога греши, а многу често може да ја видиме и во секојдневни спортски комбинации. Една таква решивме да издвоиме, и да ве инспирираме што да облечете за првомајскиот пикник.

Карго панталоните во комбинација со широка маица на кратки ракави се секогаш одличен и удобен избор. За да го разигра целиот изглед, Спенџарска има додадено и качкет, а преку рамената има префрлено предимензиониран дуксер, кој е секогаш добро да го носите со себе, особено за време на непредвидливите денови од пролетта.

Белите патики ги искористи го заокружи целиот изглед, кој мора да преизнаеме дека изгледа одлично.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska)

фото: Принтскрин / Инстаграм