Стил на денот: Розовите салонки на шпанската кралица Летиција одземаат здив

Добивај вести на Viber

Шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција беа домаќини на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во Кралската палата во Мадрид.

За оваа пригода, Летиција облече волшебно и романтично издание - фустан со потпис на Каролина Херера во светло сина боја, кој е украсен со ефективна црвена цветна шема во која доминираат бордо и розови тонови. 

Станува збор за модел со А-крој, должина - миди, затворена јака и долги проsирни ракави, пресечен на половината, а здолништето е малку плисирано. Шпанската кралица го носи овој фустан со потемни чорапи и светло розеви чевли изработени од превртена кожа од марката Магрит, и лико-чантата што ја држеше во рака е со слична боја.

Инаку, кралицата Летиција веќе ја видовме во овој фустан пред четири години на конференција во Мајорка, а сличен модел носеше и холивудската модна кралица Никол Кидман пред неколку години.

извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia