Стил на денот: Сара Џесика Паркер стилизирана за чиста дестека

Добивај вести на Viber

Таа е некој што диктира трендови и овојпат не заслужи ништо помалку од чиста десетка. Актерката Сара Џесика Паркер уште еднаш одржа лекција по мода на сите и покажа како треба да изгледа добро стилизирана жена во шестата деценија од животот.

Актерката поминува време во Њујорк на снимањето на серијата „Сексот и градот“ и не ја пропушта можноста да ги маѓепса модните критичари. 

Овој пат, таа прошета во крем комбинезон и јакна со цветен принт, што е многу популарно во моментот. Интересниот додаток во косата го комплетираше целиот стајлинг и направи оваа модна комбинација да изгледа феноменално. 

Не очекувавме ништо помалку од неа. Браво.


Фото: Профимедиа