Стил на денот: Северина во панталони кои со задоволство би ги позајмиле
Ниту пејачката Северина не одолеа на водечкиот тренд на сезоната - кожените панталони.
Северина во последно време се повеќе време поминува во музичкото студио каде што снима нов албум, а еден од композиторите и продуцентите на кои работи со нови песни е Филип Милетиќ,и со кого медиумите ја поврзуваат.
Освен што многу жени ги сакаат нејзините песни, го сакаат и модниот стил на Северина. Пејачката важи за голем љубител на модата, таа е една од првите која ги следи најновите трендови, а нејзината последна фотографија открива дека не одолеала на водечкиот тренд на сезоната - кожените панталони.
Сепак, Северина облече малку поинаков модел кој немавме прилика често да го гледаме - комбинација од тренерка, кожени војнички панталони кои ги усогласила со бела маица и патики во иста боја.
Покрај интересната комбинација од три различни кроеви, комбинацијата на контрастни материјали ги прави уште повпечатливи. Колку добро изгледаат Северина веќе покажа за време на неодамнешниот концерт, кој го овековечи и на Инстаграм.
Љубителите на похрабри кроеви и ефектни парчиња облека сигурно со задоволство би ги позајмиле овие панталони од гардеробата на Северина.
фото: инстаграм