Стил // Стил на денот
Стил на денот: Северина знае како да привлече внимание, во атрактивен црвен фустан ужива на Ибица
Сите сега зборуваат за овој фустан!
Северина (49) успеа да предизвика огромна реакција, многу коментари и преку 35 илјади лајкови со само еден пост.
Пејачката се одмара на Ибица, и редовно ги известува своите следбеници за нејзините активности.
Таа ја искористи можноста додека пиеше пијалок во бар да се фотографира и да го покаже својот совршен моден избор.
Овој пат, таа носеше долг атрактивен црвен фустан со „гол“ грб, кој малку жени би се осмелиле да го облечат.
Стајлингот го заврши со шапка, што е апсолутен моден хит оваа сезона, кога зборуваме за додатоци, и кафени очила.