Стил // Стил на денот
Стил на денот: Снеже Велков издоминира во трендот на сезоната
Водителката и инфлуенсерка Снеже Велков секоја недела снимајќи ја својата емисија ни демонстрира многу интересни и пред сѐ елегантни и удобни прачиња кои може да се комбинираат на повеќе начини.
Овој пат за „Нешто конкретно“ таа носеше тренди костим во пастелно зелена боја, кој ќе се носи сезонава, а овој комплет од две парчиња може да се комбинира на најразлични начини и со секакви стилови.
Панталоните може да ги комбинирате со кошула, ролка, маичка, елек... А и сакото исто така, со здолниште, фустан, џинс, кратки панталони... оставаме на вашата имагинација.
Фото: Инстаграм - Снеже Велков