Стил на денот: Стефанија Насеска во небесно- сино за оние кои не сакаат да бидат униформирани

Добивај вести на Viber

Модната дизајнерка Стефанија Насеска Попадинец е можеби една од најдобрите кај нас. Со врвен осет за естетика создава ултра модерни креации кои се носливи, а сепак допираат до перфекција. Со префинет јазик на модата, парчињата облека ги „преведува“ на свој сопствен јазик и уникатна е. Насеска и приватно се облекува одлично, како да е излезена од модно списание. Тоа е за поздрав!

Се одлучивме за небесниот- син фустан на дизајнерката со нeјзин потпис кој на фотографиите го носи таа. Се работи за парче со паф ракави, лесен материјал, едноставен крој, но моќен израз. И сандалите се нејзина креација.