Стил // Стил на денот
Стил на денот: Вера Јанковиќ во чизми кои мора да ги имате
Претпознатлива по својот специфичен стил, Вера Јанковиќ на Модниот викенд во Скопје се појави во модерни чизми, моторџиска јакна, тренди џинс и блузон.
Вера има свој изграден стил, и е претпознатлива по својата руса коса со шишки. Нејзиниот аутфит е урбан моден погодок!
- Ме мотивира помислата дека сѐ уште на располагање ми е светот со сите негови убости. Сѐ што заработувам инвестирам во патувања и во останати задоволства. Мора мачно да се работи за да се заработи таа привилегија. Животот е патување, авантура. Кога се мисли на дневни планови и обврски кај мене се мисли на ноќните. Живеам за и со музиката, тоа се настапите и сето она што е дел од таа скапоцена машинерија- раскажа таа, во една прилика за Женски Магазин.