Стил на денот: Во комбинација на црн корсет од тантела и џинс, Мартија Станојковиќ изгледа подобро од било кога

Добивај вести на Viber

Убавата кумановка Мартија Станојковиќ која пред неколку години се прослави како една од Пинковите Ѕвездички, а подоцна ја претставуваше Македонија и на Детскиот избор за песна на Евровизија, денес важи за една од подобрите млади пејачки во земјава. Покрај убавиот глас и честите настапи, она по што е препознатлива е и одличниот моден стил кој е доста поразличен од оној кој го негуваше некогаш. 

19 годишната Мартија изгледа подобро од било кога. Тоа го забележаа и нејзините следбеници на последната фотосесија објавена на Инстаграм.

На фотографиите кои собраа илјадници лајкови Мартија носи црн корсет во комбинација со црно сако и џинс со висок струк.

Покрај одличната модна комбинација, шминка и негуваната коса она што може да се забележи е дека Мартија се грижи и за својата фигура и изгледа одлично.

View this post on Instagram

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)



Фото: matrijastanojkovic/instagram