Стил на денот: Водителката Александра во фустан кој мора да го имате летово
Шарматната радио и ТВ водителка Александра Илиевска, на гледачите позната како домаќинка на шоуто „Брза кујна“, пет сезони по ред, сега ужива во својот најубав животен период. На 23 јануари, Александра ја роди ќерката Сара и вели дека нејзината ќерка ја научила на она што е нејзината мајка за неа. Александра во неодаменшно интервју за Женски магзин зборуваше за секојдевието со Сара и откри дел од љубовната приказна со сопругот Александар.
Пред неколку денови таа објави фотографија со нејзиниот сопруг, каде носи прекрасен син фустан.
Ја истакнува женственоста, од пријатен и лек материјал кој е одличен за топлите денови.
Макси фустаните се инаку хит за летната сезона, а овој на водителката е еден од оние кои задолжително мора да ги имате во гардероберот оваа лето.