Стил // Стил на денот
Стил на денот: Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ во цветно издание
Возрасните не велат залудно дека „на убав човек му стои сѐ“, а оваа реченица постојано ја потврдува и познатата водителка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Сања Кужет.
Во секоја комбинација изгледа беспрекорно, без разлика дали она што го носи му се допаѓа на некој или не.
Едно од последните изданија, кои редовно ги споделува со своите следбеници на Инстаграм е она на кое носи цветен фустан со карнери. Овој фустан е одличен избор за топлите денови од летото и одлично е тоа што може да се комбинира со високи потпетици, но и со спортски обувки.