Стил на денот: Здолниште со принт и тексас јакна

Добивај вести на Viber

Во период кога утрата се посвежи, а во текот на денот температурата достигнува повисок степен, неопходно е да се избере аутифит кој овозможува лесно прилагодување. За денес одбравме кратко здолниште со принт на пеперутка, во комбинација со бела маица, тексас јакна, црна чанта и балетанки. Дополнително за поефектен изглед придонесуваат црвениот лак за нокти и накитот.