Стил на месецот: Ноември во црни чизми за секоја пригода
Сите веќе ја научивме лекцијата дека палтата и чизмите се најважните парчиња од есенската сезона. Бидејќи имаме тмурно време кое во секој момент може да донесе дожд, а температурите се сè пониски, црните чизми се исклучително практични и тренди.
Оваа сезона се носи панк-стилот, односно оној што одговара на потемната естетика, која одамна престана да биде прашање на субкултура, но стана нешто прифатливо за секого.
Без разлика дали ви се допаѓа тој стил или не, вклучете ги овие модели во вашите дневни комбинации и дефинитивно нема да погрешите.
Без разлика дали станува збор за улична мода, деловна облека или онаа што ја носиме навечер, црните модели се крајно модерни.
Црното е секогаш кул, изгледа моќно и бунтовно, а на вас е да одлучите како ќе изгледа остатокот од вашиот стајлинг и каков впечаток ќе оставите.
Можете да ги комбинирате со фустани, фармерки, хеланки, долги и кратки панталони ... едноставно одат со сè.
* За топли тренди денови: 8 работи кои секоја модерна жена мора да ги има оваа есен