Стил на неделата: 7 црни летни фустани кои едноставно не се досадни
Црниот фустан не е само „must have“ова сезона, туку парче кое трае.
Мислењето дека црната боја не е за лето е застарена, како и за трендот на вртоглаво високи потпетици, бидејќи црната боја е модна класика за секое време од годината кога сакате да изгледате елегантно, средено и шик.
Малиот црн фустан ја претрпе својата модна трансформација и доаѓа во големи димензии, во обемно издание кое изгледа невообичаено. Кога додаваме нови материјали, „пуф“ ракави и провокативни деколтеа - добиваме совршен моден баланс на удобен и модерен изглед.
Полека се враќаме во канцелариите, а големите црни фустани ќе бидат првиот (и единствен) избор, а има и фустани-кошули за деловни состаноци и важни настани. Исто така, се шпекулира дека ноќните излегувања се зад аголот, а за тие прилики веќе бараме фустани со отворен грб или колкови. Јаката е сè уште ин, и затоа е составен дел и на ова парче.
Изберете ефективни влечки или сандали и зачекорете го денот со стил!
Еве 7 црни фустани што мора да ги поседувате ова лето.
1. Долг обемен фустан
Фото: Инстгарам/monikh
2. Краток обемен фустан
Фото: Инстаграм/basicstouch
3. Кошула-фустан
Фото: Инстаграм/alexisforeman
4. Фустан со прерамки
Фото: Инстаграм/eniswardrobe
5. Фустан со тул
Фото: Инстаграм/wethepeoplestyle
6. Фустан со отвори
Фото: Инстаграм/ annelauremais
7. Фустан со јака
Фото: Инстгарам/ wethepeoplestyle