Стил на неделата: Калтрина во модели на костими за капење кои ја истакнуваат фигурата

Добивај вести на Viber

Калтрина Круезиу Балаш, е професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“, но таа е и докажан мејкап артист и инфлуенсерка.

Дама која е инспирација за многу жени во земјава. Токму затоа Калтрина е наша денешна модна инспирација.

Професорката во моментов е на одмор и оттаму споделува фотки на кои најчесто е во костими за капење, модели кои ќе ја истакнат вашата фигура и во кои ќе бидете забележани на плажа или покрај базен.

Класичниот бел едноделен костим за капење е секогаш во мода, а особено оваа тренди парче кое го носи таа со расцеп на половината е модел кој треба задолжително да го имате летово.

Но, доколку се одлучите и за дводелен костим за капење, особено во златна или металик боја исто така ќе бидете во тренд со модата, но и ќе се истакнете во толпата.

Третиот модел на костим за капење кој го носи Клатрина, во моментов е најбаран во светот, бидејќи е во тренд со Барби треската која го зафати светот.

Пинк - барби едноделен костим за капење кој ќе „вреска“ дека модерни и тренди.


Фото: Инстаграм - Калтрина/архива - Женски магазин

Сакам да го зачувам младешкиот изглед: Интервју со Каљтрина Круезиу Балаш