Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Макси здолниште за топ почеток на есента
Еден дождлив ден не е доволен за да се откажете од летото и неговите комбинации. Макси здолништето е совршено парче облека кое се вклопува на почетокот од постудените есенски денови.
Топол ден? Нема проблем, носете го со костим за капење (или градник како топ), а кога е постудено искомбинирајте со оверсајз јакна. Или носете го макси здолништето во комплет со горен дел направен од ист материјал. Ако сакате по тренди комбинации, спарете тесно макси здолниште со шлиц со кратка тексас јакна.
Модните критичари велат дека она на што дефинитивно треба да обрнете внимание сезонава е едноставната линија.
Фото: Инстаграм/shhtephs