Стил // Стил на неделата
Стил на неделата: Ноне Неделковска има супер трик за супер стил
Ноне Неделковска има супер едноставен, а сепак впечатлив стил.
Денес таа нѐ инспирира со еден одличен трик, со кој го носиме нашиот стил на едно сосема ново ниво.
Шаловите како омилен моден додаток во текот на овој период, на многумина можеби веќе и им здосадија, но, Ноне има супер идеја како да го носите за да изгледа позабавно, помодерно.
Сѐ што треба да направите е да го наметнете шалот, а на делот кај половината да ставите ремен со што ќе ја истакнете истата.
Најдобро е тоа да биде предимензиониран шал, како овој на Ноне. А таа ја надополнила комбинацијата со уште еден интересен детаљ - шешир во истата боја како и шалот.