Стил профил со Јована Трајковска: Имам свој моден печат што не може да помине незабележан
ФОТО: Приватна архива
Сака да комбинира два стила што можат да се поднесат еден со друг, а даваат посебен шмек на комплетниот изглед. Единствените дизајнери на кои би им дозволила да ѝ го преуредат гардероберот се Викторија Бекам, и макеонскиот JZJ Златко.
Блогерката и инфлуенсерка Јована Трајковска со нас денес ги споделува сѐ во врска со стилот, начинот на облекување, а ги отвори вратите од нејзиниот гардеробер специјално за Женски магазин .
*Дефиниција за стил?
Модата е она што е актуелно во моментот, следење на постојаните новитети, додека пак стилот е пронаоѓање на самите себе си, чувство за искажување преку облеката и она по кое ќе бидете препознатливи, како основа на секој добар изглед. Односно модата е она што се нуди, а стилот е она што ние го применуваме.
*А, Вие стилски се дефинирате како...
Смела личност со инстинкт за уникатност и свој моден печат што не може да помине незабележан.
*Што е пресудно за добар стил?
Дефинитивно спој на вкус, креативност и храброст со доза отменост, совршено да се изнесе комбинацијата во полн сјај.
*Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?
Спој на неспоивото, сакам да комбинирам два стила што можат да се поднесат еден со друг, а даваат посебен шмек на комплетниот изглед.
*Минимализам, хедонизам, авангарда?
Авангарда, не ме плаши кога треба да се издвојам од другите.
*Гламур или класика?
Ако беше прашањето во што се чувствувам пријатно, тогаш ќе кажев класика, ако е прашањето во што се пронаоѓам повеќе и што е она што ме дефинира мене тогаш гламур.
*Омилени нешта од вашата облека?
Омилени парчиња облека речиси и да немам, секогаш сакам да носам нешто поразлично од претходно, можеби би се задржала на парчињата во црна боја, црни фармерки, basic црни маици, блузи што би се вклопиле во секоја комбинација. Парчиња со анимален принт, обожавам накит, модни додатоци како ракавици, машни, накит за тело и сл. Би ставила акцент и на обувките, поточно чизмите, во нив сум вљубена и никогаш не се задоволувам секогаш сакам повеќе и повеќе.
*Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?
Имам неколку парчиња брендирана облека, не се задржувам на истата и не и давам преголемо значење. Во својата колекција имам брендирани очила за сонце, а всушност тие ги носам помалку од сите останати. Како најважно, никогаш не би купила некое парче со ознака Versace, Prada или сл., притоа е фејк, само да го носам истото и да се претстави дека имам нешто што е оригинал. Скапата облека или марката никогаш не биле пресуден момент за добар стил.
* Што сакате да постигнете со вашиот стил?
Немам посебно некоја цел што би сакала да ја постигнам мојот стил, едноставно не се облекувам така затоа што морам или така треба, туку затоа што тој стил ме дефинира мене и во тој стил се пронаоѓам себе си.
* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?
Никогаш не сум сакала да бидам иста во облекувањето со останатите, затоа голем дел од облеката ја шијам наместо да купувам и се пронајдам во истата. Одбирам да сум автентична затоа што само автентичните парчиња ги исполнуваат моите очекувања, а кога сме кај моментот "осудување од нашата средина" , важно ми е јас да се чувствувам среќно и самоуверено, а не тоа што ќе кажат другите.
* На кој дизајнер би му дозволиле да ти го преуреди гардероберот?
Викторија Бекам, а овде кај нас на JZJ Златко..
* Што облекувате денски, а што навечер?
Во текот на денот одбирам поедноставна облека, спортски парчиња, тренерки, дукс, хеланки и патики, додека пак навечер доколку излегувам се облекувам елегантно или класично што би одговарало на секоја пригода, ако останувам дома удобни пижами се неизбежен дел.
* Дали експериметирате со косата и шминката?
Со Косата прв пат направив поголема промена пред две години, кога од темно кафеава ја осветлив во плава. Во однос на должината знам да ја пуштам долга или да ја скратам, да направам шишки или носам плетенки. Со шминката сакам да експериментирам во зависност од настанот, облеката или пригодата.. Косата и шминката се тесно поврзани со облеката, понекогаш е доволно мала измена за да се одвлече вниманието од целовкупниот изглед.
*И.Ставрова