Стјепан Хаусер ја замени Розга со хостеса

Музичарот Стјепан Хаусер од дуото „Ту челос“ е во врска со Мис на Универзум на Хрватска за 2016 година, Стела Опанчар, која сега работи како хостеса, пишува порталот „24 сата“.

Стела Опанчар сега работи како хостеса и како келнерка а е поранешна Мис 

Стела се пофалила со фотографија од одморот во вила во Истра, а на нејзините следбеници на Инстаграм не им требало многу време да сфатат дека таа одмара токму во куќата на Хаусер.

Следбениците на Стела на Инстаграм пспоред погледот од балконот сфатиле дека таа одмара во куќата на Хаусер 

„Да не си ти кај Хаусер“, ја прашал еден од пријателите. Друг ја спореди фотографијата на која Стела се сонча, со фотографиите кои од својот имот ги објави Стјепан Хаусер, па заклучил дека погледот од балконот е ист на двете слики, а гледа накај маслинките и теренот за одбојка. 

Хаусер пред извесно време објави фотографија од куќата во Истра 

Откако раскина со пејачката Јелена Розга, Хаусер не зборува за својот приватен живот. Стела себе си се опишува како келнерка и хостеса која сака да чита книги.