СТОМАЧНИ ВИРУСИ СО ТЕМПЕРАТУРА И НАД 39: Некои состојби може да бидат многу опасни посебно за децата, педијатрот Андоновски со сите детали

Добивај вести на Viber

Бројот на децата во градинките е преполовен, не само поради фактот што многумина од граѓаните веќе ги користат летните одмори, туку пред се поради заболување на најмладата популација од стомачни вируси. Летните стомачни вируси, бактериските инфекции и стомачните проблеми, како што во разговор за Фактор посочува д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, се секогаш многу поприсутни во летните горештини, бидејќи храната побрзо се расипува, а како резултат на тоа се е нарушува цревната флора.

-Високите температури се исклучително погодни за раст на бактерии и вируси во храната што ја користиме во нашата секојдневна исхрана. Летните стомачни вируси најчесто се манифестираат во поблага форма во вид на стомачен грип. Овие типови на инфекции главно доаѓаат однадвор преку контаминирана храна и вода, како и валкани раце. Симптомите на стомачни вируси се симптоми придружени со остра и продорна абдоминална болка. Благата малаксаност е исто така впечатлив симптом, како и треската. Често може да дојде до појава и на високи температури кои се и до 39,5 зависно дали се работи за стомачна инфекција која е од смесен карактер , вирус со бактерија или пак интоксикација со одредена храна со бактериски карактер која е доста силна и упорна , токму сега во текот на летото, вели д-р Андоновски.


Деталите читајте ги на Фактор тука.