СТОП ЗА ОВИЕ ПАРЧИЊА: Што не треба да носите ако имате над 40 години?
Во 40-тите жените понекогаш, кога облечат облека која можеби и не е толку примерна за нивните години, визуелно ја зголемуваат возраста, наместо да ја намалат.
Ви предлагаме листа со неколку работи за кои стилистите, ако имате над 40 години советуваат да се откажете.
Огромни чанти
Во 20-тите огромните чанти се врв на стил а во 40-тите тие според мислење на стилистите, може да асоцираат на вреќа компир. Затоа тие дошле до правилото, колку постари сте, чантата треба да ви биде помала. Во 40-тите предност треба да им дадете на елегантните мали чанти.
Тесни фармерки
Без разлика на тоа што фармерките никогаш не излегуваат од мода, на повозрасните жени некои модели им изгледаат невкусно. Тесните фармерки сепак се за млади девојки. Освен тоа, во тренд се и искинатите фармерки, кои стилистите повторно не им ги препорачуваат на жените кои имаат повеќе од 40 години. Безгрижниот изглед е добар за млади девојки кои уште не мора да размислуваат за тоа како најдобро ќе ги прикажат своите години. А жена после 40 години ќе си ги одземе годините ако изгледа негувано и женствено. Добра алтернатива за тесни фармерки се класичните модели.
Обувки без потпетици
Балеринките и чевли без потпетица на 20 годишни девојки изгледаат многу тренди и говорат за нив како за девојка во движење, а во возраст 40+ обувки без потпетица говорат за тоа дека преферирате удобни „постари“ обувки. Заклучокот е да бирате модели барем со ниска потпетица – таа ќе ве направи повитки и ќе ви помогне убаво да се движите.
Блузи со откриен стомак
Дури иако телото ви е во прекрасна форма, запамтете дека ваквите маички сепак се за помлади. Дајте им предност на кроеви кои ја истакнуваат вашата фигура или умерено деколте, или пак маички со резови на рамениците или откриени раменици. Тие ќе изгледаат профи и сексапилно во истовреме.
Многу златен накит
Златниот накит не смеете да го злоупотребите во ниту една возраст , а посебно по 40. Изобилство на златен накит ќе ви додаде плус неколку години – стилисти велат дури и до 10 повеќе.
Проѕирна облека
Со овој тренд треба да се биде внимателен во секоја возраст. На девојките од 20 години проѕирната облека им е дозволена, но жена од 40 години во нив може да изгледа вулгарно. Освен тоа, во спротивност со општо прифатеното мислење, мажите овој вид на облека не го сметаат за привлечен. Наместо проѕирна облека изберете малку чипкасто, мидни сукња со проѕирен дел и слично...Во тоа ќе изгледате многу попривлено и нималку вулгарно.