СТОП за земањето на антибиотици: Лекар објасни зошто треба да ги избегнувате

Добивај вести на Viber

Рускиот лекар и телевизиски водител Александар Мјасников апелираше да престане употребата на антибиотици за кашлица и вирусен бронхитис.

Според него, ваквите препарати престануваат да делуваат доколку се користат неконтролирано.

„Не треба да земате антибиотици ако имате болки во грлото или бронхитис. Само почекајте, земајте лекови за кашлица. Видете, можеби бронхитисот не е заразен, бидејќи, во повеќето случаи, не е“, објасни Мјасников.

Лекарот истакна дека антибиотиците се контраиндицирани и кај синузитис.

Истовремено, тој објасни во кои ситуации може да се земаат антибиотици.

„Веќе ми здосади да повторувам дека можете да земате антибиотици од болница кога имате стрептококна ангина со температура од 40 степени за да спречите срцеви заболувања, кога имате сексуално преносливи инфекции или кога имате пневмонија и ја лекувате дома“, додаде експертот.

Мјасников заклучи дека антибиотиците не се погодни за примарен третман на бронхитис.