Страстен обожавател сум на серијата „Сенки над Балканот“: Утринско кафе со Кристина Тренеска Конеска

Утринското кафе практикувам да го пијам со сопругот, но често се случува и да го испијам со првиот пациент наутро.

Дневните обврски ми се околку пациентите и секако семејството, особено ќерката Искра која е средношколка, со сите нејзини обврски околу училиштето и надвор од него.


Искра е мојот мотив и животен двигател, нејзиниот успех е и мој, се радувам на тоа што неа ја прави среќна и задоволна. Како родител на тинејџер, сакам слободното време да го поминувам со нејзе, да муабетиме, да споделиме за денот, раскажувајќи си ги најинтересните случки или проблемите, како мајка и ќерка да испиеме едно кафе.

Голема релаксација е кога по завршување на професионалните и приватните обврски, доцна во ноќта заспивам спокојно со книга во раце. Во моментов ја читам книгата Сапиенс - кратка историја на човечкиот род од Јувал Харари.  

Изборот на книги ми е интуитивен или по препорака од искусни читатели, или е препорака за добра книга од мој пациенти.

Деновиве, секој понеделник во 20:00 часот сум задолжително пред ТВ екранот, бидејќи сум страстен обожавател на серијата „Сенки над Балканот“, заради историската поврзаност со Македонија.


( др. Кристина Тренеска Конеска - стоматолог)