Стравот ќе го решиме, ама со храброста до кај сме?
Л.К. Ми нудат на работа да одам во Шангај, ама не отидов. Не можам, никој не знам. И моите ќе треба да ги оставам.
А.К. А тука среќна ли си?
Л.К. Па не тука е катастрофа.
А.К. Добро. А зошто не пробаш, секогаш можеш да се вратиш?
Л.К. Па, незнам.
Н.Р. Многу сакам да започнам бизнис, ама мислам дека нема да заработувам доволно. Научена сум на голема плата, вака ќе треба да почнам од нула.
А.К. Секогаш се почнува од нула. Ни еден бизнис не почнал од милион, па дури и да почнал не значи дека ќе биде успешен. Парите се ресурс, но нема да го работат бизнисот за тебе.
Н.Р. Ама не знам и јас што сакам. Сакам да имам бизнис, имам милион идеи, ама немам храброст. Мислам дека идеално ќе биде да имам корпоративна работа и плус на страна да си имам бизниси, да ми ги работат луѓе.
А.К. Добро. Секогаш можеш да најдеш работа, но не секогаш можеш да започнеш бизнис. Многу повеќе ресурси и посветеност се потребни. Секој што работи сопствен бизнис знае дека не е од 9 до 5, туку 24/7.
Н.Р. Па не знам, мислам дека е подобро да најдам работа сега за сега.”
М.И: Значи го мразам. Органски не го поднесувам. Два месеци не живеевме заедно, воопшто не ми недостигаше. Супер ми беше. Сега кога се вратив, една недела не можам да живеам со него.
А.К: Па добро ако е таква ситуацијата зошто не се разведеш?
М.И: А што ако не најдам подобар?
A.K: Мислиш полош? Бидејќи рече дека го мразиш?!
М.И: Па да, ама тешко е да се најде.
Страв од непознато, страв од неуспех, страв од иднината, а животот е само еден. А што е стравот? Емоција. А може ли да се надмине? Може доколку се работи на тоа.
Емоционална интелигенција, многу позначајна од онаа другата за која не тестираа во основно. Емоционалната интелигенција е способност да ги контролирате и употребувате вашите емоции во конструктивни и продуктивни цели. Да работите на своите емоции, кои ќе работат за вас.
Стравот се надминува, ама како до храброст?
* Аријана Коскарова е ко-основач на Creative Hub и Forbes Under 30 Europe 2019