СТРУЧЊАЦИ ОД СЗО ПРЕДУПРЕДУВААТ: Короната не се лечи со хидроксихлорокин, лекот кој Трамп го нарече револуционерен

Добивај вести на Viber

Лекот хидроксихлорокин, кој Доналд Трамп своевремено го нарече револуционерен во борбата против ширењето на коронавирусот, не треба да се користи во процесот на лекување и нема значително влијание врз веќе заразените пациенти, соопшти стручниот совет на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Индекс.хр

Антивоспалителниот лек не треба да се користи во борбата против пандемијата, според новите упатства на стручниот панел на СЗО објавени во британското медицинско списание BMJ, и не вреди да се истражува во идните студии како потенцијален лек.

"Нашата силна препорака се заснова на цврсти докази од шест рандомизирани контролирани испитувања со повеќе од 6.000 испитаници. Едната група учесници во студијата беше изложена на ковид, а другата не беше", велат истражувачите.


Повеќе на темава читајте на Фактор.мк тука.