Супер вест која влева надеж дека сме поблиску до крајот на агонијата: За прв пат по 10 месеци нема починати од ковид-19

Добивај вести на Viber

За прв пат после дестина месеци не е регистриран ниту еден починат пациент од ковид-19.

Како што објави министерот Филипче на својот Фејсбук профил, оваа мала победа влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата.

-Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, напиша Филипче во објавата.

Денес се регистрирани само регистрирани се 8 нови случаи на ковид-19.