Супермен ќе го претрпеше првиот пораз на првиот училишен ден - Виктор Апостоловски ja откри инспирацијата за текстот на евровизиската песна

Добивај вести на Viber

Иако текстот на евровизиската тема асоцира на јунакот од стриповите и филмовите, во овој случај „Супермен“е парадигма насекојдневно битисување на Виктор Апостовски.

„Илјада пати да паднеш, стани, исправи се и продолжи храбро со дигната глава“.

Тоа е животната филозофија на талентираниот пејач од најрана возраст.

Хероите не зборуваат за своите дела. Но, во оваа пригода Виктор Апостоловски откри детаљ од неговото детство. 

-Доаѓам од маало кое доста наликува на гето, познатиот Битолски Баир. Впрочем имам напишано цела песна за тоа како е овде, се вика „Бон Тон“.Кога бевме деца, морав секој ден пешда го поминувам најстрашното маало за да стигнам на училиште. Тука имаше се! Дроги, оружја, кражби, сиромаштија, мешани етникуми, вери. Секој ден е посебна приказна, нешто мора да се случи, ако не на училиште, тогаш на улица сигурно – вели Апостоловски..

Тој бил едно добро воспитано, културно, уплашено детуле, што не „газело ниту на мравка. 

-Среќа, отсекогаш сум имал некој став, односно поглед што делува многу самоуверено. Инаку ќе ме изедеа. Се сеќавам кога прв пат отидов на училиште, забележав дека нашиот клас е единствен без "багабонти" и бељаџии. Сите беа мирни, културни деца. И уште првиот ден, на големиот одмор, бељаџиите од другите класови почнаа да малтретираат другарче од мојот клас, бидејќи бил од различна вера и националност. Си помислив "5 против 1. Тоа не е фер". Бев преплашен, но никој не превземаше ништо, па решив да се вмешам. Нозете ми се тресеа, ама влегов во кругот и застанав до него. Тоа нормално малку ги збуни бељаџиите, ама и уште повеќе ги налути. Почнаа да викаат засилување, а другарчето ја искористи приликата и успеа да избега. Останав сам против сите. Е то е страв – нагласува Виктор. 

Никогаш не кренал рака на никого, а влегол во таква ситуација за дете што сеуште не го познавал и го оставил на цедило. Среќа во несреќа било тоа што завршил одморот. А ѕвончето ја одиграло улогата на спасител.

-Инаку Супермен ќе го претрпеше првиот пораз, првиот ден во училиште. Таа ситуација ми направи многу проблеми во иднина.Сепак, бев сигурен дека постапувам правилно и помагам некому и тоа ме направи среќен.  

Отсекогаш сум се борел за правдина. Искрено, на свој начин, вез разлика кој што мисли за мене и како ме доживува, јас секогаш ќе се борам за тоа што сметам дека е праведно. Секогаш ќе се борам за позитива и убаво расположение на сите околу мене и никогаш нема да се откажам од своите соништа! 

И затоа сум Супермен. – вели Виктор.


ПР објава