СВАДБИ ОД ЈУНИ И САМО НА ОТВОРЕНО - Филипче најавува строго утврдени протоколи

Добивај вести на Viber

Ако продолжи трендот на намалување на заразата со ковид-19, можно е од јуни да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави под строго утврдени протоколи, најавува министерот за здравство Венко Филипче. 

Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса. Предлозите ќе се дискутираат во рамки на Комисијата за заразни болести, посочи Филипче.

„Многу е веројатно да се случи, ако продолжат овие трендови на намалување, но не можам да тврдам. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, сѐ уште е рано да се тргнат како мерка. Понатаму, угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, не внатре. Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса. Сите други протоколи во однос на организација на настани соодветно е да продолжат и понатаму“. изјави Филипче.

Детали на Фактор, тука .