Свекрвата ми рече дека венчаницата ми е ѓубре и ја озборуваше мајка ми: Писмо на една невеста
Неколку недели пред sсвадбата, Ронда Хеслоп од Мелбурн била скршена откако свекрвата по грешка ѝ пратила порака во која нејзиниот избор на вечален фустан го нарекува „ѓубре“ и ја навредува нејзината мајка. Девојката до тогаш мислела дека има одличен однос со свекрвата, пишува магазинот „Бела“.
„Со свршеникот сум веќе 10 години. Откако заедно со мајката и со свекрвата ја избравме венчаницата, мојата мајка плачеше, а неговата пушти солза восхитувајќи се колку фустанот е прекрасен. Потоа заминавме на вечера сите три, и разговараравме за тоа дали да го земам презимето на сопругот. Мојата мајка предложи моминското презиме да го користам за работа, а приватно да се презивам како мојот сопруг. Свекрвата се согласи со тој избор“, раскажала девојката и продолжила:
„ Пораката која ја добив потоа по грешка, сврекрвата требаше да му ја прати на мојот иден сопруг. Во пораката пишуваше дека мојот венчален фустан е „ѓубре“ и дека мојата мајка предлага да не го земам неговото презиме. Му се пожалив на свршеникот. Тој ми поверува и бараше од мајка му да ми се извини, но таа не сакаше ни да слушне. Најмногу ме боли тоа што наоколу ја озборува мојата мајка“.
„Не знам што да правам сега. Венчавката се ближи а мојата идна сверкрва не сака ни да ме погледне“, напишала девојката на форумот. Други жени ја советувале свекрвата сосема да ја исклучи од плановите за венчавката, и таа ги послушала.
„Сфатив за каква личност се работи. Венчавката помина добро, на крајот. Таа повторно глумеше дека плаче од радост, а јас изглумив и јас дека сме пријателки, поради сопругот и поради гостите. Среќна сум што сега, кога се помина- не морам ни да ја гледам ни да ја дружам“, завршила девојката.
Фото: Профимедиа