„Јас сум таа во која син ти го става...“ Свекрвата срдечно ја примила снаата, а таа ѝ ги кажала овие зборови

Добивај вести на Viber

Запознавањето на родителите со партнерите никогаш не е лесна задача, но понекогаш се случуваат ситуации кои ве оставаат без зборови

Секој родител сака да го види своето дете среќно покрај саканата личност, но често има моменти кога тој не е баш задоволен од изборот на своите наследници, па може да настанат сериозни компликации во врските. Жена (56) се нашла во многу непријатна ситуација, а својата исповед ја споделила со корисниците на „Редит“. Имено, таа едвај чекала да ја запознае поубавата половина на нејзиниот син, а по првата средба  станала преплашена.

„Ја донесе на вечера минатиот викенд. Очекувавме да се сретнеме и претходно, бидејќи нашиот син постојано зборуваше за неа и ја фалеше. Колку е совршена, колку е вистинска... Ѕвончето ѕвони, отвораме. Таа изгледа исто како на сликите, што е добар почеток. Син ми се смешка од уво до уво, уште еден добар знак. Ги покануваме внатре“, ја започнува приказната оваа жена и открива непримерен коментар кој ја згрозил и шокирал.

Таа ја прифаќа мојата прегратка и цврстото стискање на раката на мојот сопруг, а потоа вели: „Јас сум таа во која син ти го става пенисот“. Искрено, бев понижена. Очекував маж ми да се смее, бидејќи и тој и синот се големи шегобијци и сакаат такви шеги, но ОВА беше премногу за мене. Можеби сум вкочанета и воздржана, но од сите работи што можеше да ги каже девојката на мојот син, таа го кажа токму тоа. Еден поглед во моето лице и мојот сопруг знаеше колку сум изненадена. Можеби моите очекувања се преголеми, но повторувам: од сите работи што би им ги кажала на родителите на своето момче, кои досега не ги видела, таа го избрала тоа? На син ми на почетокот тоа му беше забавно, но кога ја виде мојата реакција, падна во депресија“, додава таа.

Мајката била толку вознемирена што не можела да го контролира гневот, па ја замолила несудената снаа да излезе.

„Сакав да ѝ кажам повеќе за тоа колку ужасно се чувствувам, но премолчев. Син ми не сакаше да си заминат и инсистираше да се смирам, но сето тоа беше премногу за мене и ми беше непријатно", заклучила таа, а потоа истакнала дека се чувствува виновна за својата реакција, па го контактирала синот за да се извини, но тој не сакал да одговори, пренесува.

А под нејзината објава можеа да се најдат различни коментари:

„Јас сум многу либерална, но не можам да разберам од каде ѝ е на таа девојка идејата дека коментарот би бил симпатичен?“, „Има време и место за вакви коментари. Никогаш не би го направила тоа првиот пат кога ќе се сретнам со родителите на мојот партнер", се некои од коментарите.

Извор: stil.kurir.rs