„Светот на Колорес“ хумани пред сѐ: Додека самохраната мајка е на работа, за девојчето ќе се грижат токму тие бесплатно!
Дали хуманоста ја изгуби својата вредност во денешно време? Ние би рекле големо НЕ.
А, ќе ви докажеме со примерот подолу, кој се случува во нашето општество и кој треба да го следиме сите.
Девојче на самохрана мајка, која е корисник на Проектот Среќа, а за кое нема кој да се грижи летниот распуст додека мајката е на работа, ќе биде згрижено од страна на приватните градинки „Светот на Колорес“. Токму за оваа информираа од „Проект среќа“ на нивнат Фејсбук страница.
Тие веднаш го примиле девојчето кое ќе оди на целодневен престој бесплатно кај нив, а ние велиме секоја чест на доброто дело.
Махатма Ганди еднаш рекол: „Човештвото е океан; ако се извалкаат неколку капки од океанот, целиот океан не се валка.“ Што и да се случи, не смееме да ја изгубиме вербата во човештвото и добрите луѓе! Добри луѓе постојат!
Можеби некои од нас го изгубиле чувството за хуманост поради околностите, но веруваме дека со искрена желба можат да го вратат. Всушност, не е тешко да се биде благороден, хуман и несебично да споделуваш љубов со луѓето околу тебе. Погледнете околу себе, соберете храброст и погледнете во себе, но и кон луѓето околу вас.