Светот низ призмата на фотографии доставени до Huawei Next-Image Awards 2020

Добивај вести на Viber

Инспирирајте се од најдобрите дела создадени од корисниците на Huawei!

Next-Image Awards на Huawei е еден од највозбудливите и реномирани натпревари за љубителите на мобилна фотографија и видеографија, каде веќе над 20 илјади учесници од цела Европа ги доставија своите дела. Во трка се, покрај престижното учество на глобалното натпреварување, три Гран-При награди во вредност од 10.000 долари, како и најновиот, неверојатниот Huawei P40 Pro со 8GB + 256GB!

За да се ослободите од монотонијата на секојдневниот живот треба да ја уживате убавината од различни перспективи. Фотографијата е одличен начин да се запознаете со сѐ што е прекрасно околу и да го споделите со светот. Запознајте се со изборот на уредникот од најдобрите дела доставени досега и ослободете ја вашата креативност во Huawei Next-Image Awards 2020.

Сите создаваме

Креативноста нема граници. Учесниците на Huawei Next-Image Awards 2020докажаа дека креативноста лежи во секој од нас и потребно е само малку за да ја ослободиме и да создадеме нешто чудесно.Натпреварот за мобилна фотографија на Huawei веќе привлеченад 700.000 креативци од целиот свет. И вие може да покажете како го гледате светот. Она што секогаш помага е одредена инспирација. Погледнете го изборот на уредникот од најневеројатните дела доставени досега и дознајте дека можете да се инспирирате од сѐ.

Магијата на контрастот

Разноликоста околу нас е неверојатно стимулирачка. Од аспект на фотографијата,вреди да се набљудува и да се долови она што за нас е најубаво.Контрастите се однесуваат и на техниката - обично фотографиите им се попривлечни на луѓето кога имаат поголем контраст.

Контрастот може да се однесува на потенцирање на разликата помеѓу две компоненти на кадарот, разликата помеѓу две компоненти на фотографијата или феноменитево однос на бојата, формата или текстурата. Целта е да се потенцира содржината на сликата.Затоа, не плашете се да си играте со контрастите, бидејќи ефектите можат да бидат неверојатни.

Природата маѓепсува со својата убавина

Фотографиите кои во својот фокус ја имаат природата секогаш се зачудувачки. Она што стои зад добрите фотографии на природа е фаќањето уникатен момент, користејќи интересна и лесна техника. Клучот за да се успее е да мудадеме свој печат на креативниот концепт, а софистицираните можности на камерите на Huawei ја прават фотографијата совршена.

Мал совет – кога сакатеда ја покажете убавината на природата, неопходно е да се остави простор за “моделот”. Без разлика дали станува збор за елен илиптица, важно е да гопоставите како “главен”момент на фотографијата, оставајќи повеќе простор пред него отколку зад. На овој начин ќе ја потенцирате динамиката и ќе ја задржите хармонијата на композицијата.

Еден минлив момент

Фотографиите се повеќе од само неколку моменти, тие служат и како водич до паралелна реалност.Една фотографија е доволна за да го покаже шармот зад необичниот момент. Секако, не е лесно да се “фати” баш тој момент, но вреди да се проба, бидејќи сигурно ќе биде незаборавен сувенир за многу години.

Понекогаш помалку е повеќе

Фотографиите богати со детали може да бидат импресивни.Сепак, понекогаш вишокотелементи ги прави пораката зад фотографијата и концептотнејасни. Кога фотографирате, вреди да се размисли што сакаме да кажеме и да се фокусираме на изложување на клучните елементи, како што е убава нијанса на црвена, оригинална композиција или аура на сцената.

Како и да е, вреди да го запаметиме непогрешливиот принцип на трипартитно делењена кадарот на три еднакви дела, хоризонтално и вертикално. На места каде што се пресекуваат вертикалните и хоризонталните линии, создадени се таканаречени “силни точки” и тука треба да ги поставиме главните мотиви, оние што треба да го привлечат вниманието на гледачот и да му дадат чувство на хармонија.

Биди инспирација

Веќе ги видовтенајдобрите дела од конкурсот досега, веќе не трошете време и едноставно зграпчете го својот Huawei и станете инспирација за учесниците од целиот свет. Пријавувањето на Huawei Next-Image Awards 2020се прифаќадо 18 часот по средноевропско време, на 31 јули!

Натпреварот е отворенза сите корисници на Huawei кои сакаат да истражуваат различни перспективи и да ја откријат визуелната убавина на животот.

Може да ги доставите вашите фотографии / видеа во 6 различни категории, и тоа:

Near Far

Good Night

Hello, Life!

Faces

Live Moments

Storyteller

Секој учесник има шанса да добие некоја од следните награди:

1.Гран-При: Фотограф на годината (3 победници)

·$10,000 NEXT-IMAGE Creation Fund

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

2.Победници во категорија (15 победници)

·$1,000 NEXT-IMAGE Creation Fund

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

3.Второ место (50 победници)

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

4.Почесни споменувања (5 победници)

·HUAWEI P40 Pro (8GB+256GB, рандом боја)

·Електронски сертификат

За повеќе информации за HUAWEI NEXT-IMAGE 2020 и како да учествувате, посетете ја официјалната веб страница:Huawei Next-Image Awards 2020