Светска премиера на ŠKODA SCALA – Редефинирање на компактната класа

Добивај вести на Viber

Со нов карактер, нова технологија и ново име, ŠKODA SCALA целосно го редефинира сегментот на компактен автомобил за чешкиот бренд. Овој хечбек комбинира емотивен дизајн со високо ниво на функционалност, како и најсовремена конективност и технологија која го го пренесува сензационалниот дизајнерски јазик на концептот VISION RS.

Достапни се пет варијанти на моторот, со излезни моќности кои се движат од 66 kW (90 КС) до 110 kW (150 КС). Покрај тоа, SCALA нуди високо ниво на активна и пасивна безбедност, целосни LED предни и задни светла, голем простор за багаж, како и бројни Simply Clever карактеристики. ŠKODA SCALA  ќе биде лансирана на европските пазари во првата половина од 2019 година.

Извршниот директор на ŠKODA, Бернард Маер, изјави: „Започнуваме ново поглавје во компактната класа на автомобили со новата ŠKODA SCALA. Тоа е целосно нов модел кој поставува репер во својот сегмент во однос на технологијата, безбедноста и дизајнот. SCALA совршено го отелотворува „Simply Clever“ мотото на ŠKODA. Убедени сме дека SCALA има најдобри шанси за редефинирање на сегментот А за ŠKODA.“


Новиот концепт за внатрешноста на ŠKODA SCALA е комбинација на ергономијата и квалитет, преку одличниот простор и комфор за патниците и најголемиот багажен простор во сегментот од 467 литри. Освен тоа, SCALA е првиот ŠKODA кој ја добива најновата генерација на инфозабавни системи со екран чувствителен на допир позициониран високо на контролната табла во јасен поглед на возачот. Покрај тоа, опционалниот „Virtual Cockpit“ се одликува со најголем екран во сегментот. Дополнително на тоа се новите декоративни украси и извонредни материјали, како што се меките површини со специфична текстура низ целиот ентериер.


Со лансирањето на SCALA, ŠKODA презема неколку чекори во развојот и целосно се репозиционира во сегментот на компактни автомобили. Со одличната конективност и технологија, висококвалитетната опрема и извонредните материјали, совршено ги претставува вредностите на брендот, кои соодветно се инкапсулирани со терминот „Simply Clever“.