Светски познатата Бразилка, Алесандра Амбросио пристигна во Србија со децата: Направи хаос по белградските улици и дискотеки (ФОТО)

Познатата манекенка Алесандра Амбросио вчера пристигна во Србија и прошета низ центарот на Белград.

Откако уживаше во Црна Гора, таа реши да ја посети и српската престолнина.

Алесандра Амбросио која престојува во познат хотел во Белград, очекувано привлече големо внимание додека шеташе низ Кнез Михајлова, во одлично модно издание.

 Манекенката ужива во шармот на градот, што може да се види и на нејзиниот Инстаграм профил.

Цветен летен асиметричен фустан, совршени очила за сонце и чанта „Шанел“... Сите овие детали привлекоа внимание.

Алесандра вчера пристигна во Белград со ќерката Ања, синот Ноа и пријателите.

 Нејзиното доаѓање направи општ хаос во соседството. Познатата Бразилка сега на Инстаграм открива како ужива во Белград, кој очигледно многу ѝ се допаѓа.

Погледнете ги во галеријата деталите од белградската авантура на познатата Бразилка, која синоќа пак ги привлече сите погледи во дискотека во Белград каде присуствуваше на роденден и повторно се сретна со Сека Алексиќ.


извор:zena.blic